Регулаторната комисија за енергетика го донесе Акцискиот план за либерализација на пазарот на електрична енергија со кој е предвидено таа да почне на 1 април годинава за сите потрошувачи на струја, освен за домаќинствата, за кои е предвидено либерализацијата да почне од почетокот на 2015 година. Според Правилата за пазарот на струја, претпријатијата кои се наоѓаат на листата на квалификувани потрошувачи кои ги исполнуваат критериумите за самостојно учество на пазарот, или повеќе од педесет вработени и вкупен годишен приход или актива поголема од десет милиони евра, почнувајќи од април оваа година своите потреби за струја ќе ги обезбедуваат на пазарот на струја со нерегулирани билатерални договори, од трговци и снабдувачи.
Регулаторната комисија за енергетика го донесе Акцискиот план за либерализација на пазарот на електрична енергија со кој е предвидено таа да почне на 1 април годинава за сите потрошувачи на струја, освен за домаќинствата, за кои е предвидено либерализацијата да почне од почетокот на 2015 година.
Според Правилата за пазарот на струја, претпријатијата кои се наоѓаат на листата на квалификувани потрошувачи кои ги исполнуваат критериумите за самостојно учество на пазарот, или повеќе од педесет вработени и вкупен годишен приход или актива поголема од десет милиони евра, почнувајќи од април оваа година своите потреби за струја ќе ги обезбедуваат на пазарот на струја со нерегулирани билатерални договори, од трговци и снабдувачи.
Овие фирми кои ги исполнуваат овие услови, се должни да се регистрираат за учество на пазарот со што се стекнуваат со правото да учествуваат на пазарот на билатерални договори и на дневниот пазар на електрична енергија со примена на листа на приоритети, во согласност со правилата.
Доколку претпријатието своите потреби за електрична енергија одлучи да ги обезбеди преку снабдувач на електрична енергија, за него постапката за регистрација не е задолжителна.